Екипажот на вселенската мисија Artemis II во моментов е поблиску до Месечината отколку до Земјата, соопшти НАСА на третиот ден од летот кон Месечината.
„Во моментов можеме да ја видиме Месечината. Тоа е прекрасен поглед“, изјави еден од членовите на екипажот, пренесува Гардијан.
До 11 часот денеска, леталото Орион поминало повеќе од 245.000 километри, со што се приближува кон својата лунарна траекторија. Мисијата Artemis II претставува клучен чекор во програмата на НАСА за враќање на човечки екипаж во длабок вселенски лет и идно слетување на Месечината.