Usher и H.E.R – Сензуален танц во новото музичко видео на „Risk It All“

Usher и H.E.R. не оставаат многу на имагинацијата во нивниот нов спот.

Во средата, пејачот на „U Got It Bad“ (45) и музичарот „Damage“ (26) го објавија новото музичко видео за песната „Risk It All“ – нивна нова соработка а воедно и вториот сингл од The Color Purple (Music From and Inspired By ).

Во видеото, Aшер носи црни боксерки, додека H.E.R. е претставена во корсет без прерамки и црни шорцеви. Парот добитници на Греми ги синхронизираат стиховите додека се позиционирани на ротирачка кружна платформа заедно со низа танчери кои изведуваат сензуална кореографија со нив и едни со други.

„Risk It All“ е  продуцирана и од H.E.R. – кој исто така глуми во хит филмскиот мјузикл The Color Purple. Според соопштението за медиумите, „Risk It All“ ги доловува „суровата емоција и трајната сила на наративите на филмот: ризик, љубов и ослободување“.

Ашер треба да биде главен во шоуто на полувремето на Супер Боул во 2024 година.

Во септември тој ја објави оваа вест со споделување видео на кое добива телефонски повик од Ким Кардашијан.

„Чест за цел живот е конечно да настапувам на Супер Боул што беше на мојата листа“, вели Ашер во изјавата. „Едвај чекам да му претставам на светот шоу кое е поразлично од се друго што досега виделе од мене“.

Шоуто на полувремето во Супер Боул во 2024 година ќе го одбележи второто појавување на Ашер во Супер Боул. Тој, исто така, настапи заедно со Black Eyed Peas во 2011 година кога тие ги имаа главните настапи на настанот.

Super Bowl  ќе се емитува во живо на CBS на 11 февруари 2024 година.

Извор : Usher and H.E.R. Strip Down for Sensual Dance in Steamy ‘Risk It All’ Music Video (people.com)

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни