Арктички бран во Македонија

До крајот на оваа седмица ќе имаме исклучително ладно време, со потпросечни температури за јануари месец, а снегот ќе биде во вид на локално и послабо провејување, најавуваат метеоролозите. Наутро температурите насекаде ќе се спуштаат под нулата, а на повеќе места ќе се спуштаат до околу -10 степени. Ќе има делови од Македонија каде температурите ќе се спуштаат под -10 степени, па дури и до околу -15 степени.

Преку ден температурите исто така ќе бидат многу ниски и на повеќе места ќе се спуштаат до околу или само за некој степен над нулата, а во делови од Македонија ќе има температури кои и преку ден ќе бидат негативни, односно под нулата. На планините и на Скијачките центри температурите постојанао ќе бидат под нулата.

„На Метеоролошката карта може да видиме дека поголем дел од Европа, како и и целиот Балкан, секако вклучувајќи ја  и Македонија до крајот на оваа седмица ќе имаат многу ладно време, односно постојано ќе бидеме под влијание на многу ладен воздух кој се спушта од север, односно од Арктикот“- велат од Метеоаларм.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни