Арктички студ и се заканува на Европа

Арктички бран со сериозни минусни температури и снег ја зафаќа Европа пред Нова година, но метеоролозите најавуваат брз временски пресврт и невообичаено затоплување по празниците.

Силниот т.н. Рексов блок, кој доминираше над Европа за Божиќ, се поместува кон Атлантикот, отворајќи пат за арктички студен бран што ќе се прошири низ поголем дел од континентот пред Нова година, предупредуваат од Severe Weather.

Поларната воздушна маса ќе донесе температури 10 до 15 степени пониски од просекот, со силни мразови и снег во источна, централна и делови од јужна Европа, вклучително и Балканот. Најстудено ќе биде во Полска, Германија, Чешка, Унгарија и подоцна во Грција, со утрински температури и под -10 °C.

Снег се очекува во северна и источна Европа, делови од Балканот и Турција, додека најобилни врнежи ќе има во Скандинавија.

По Нова година следува нагла промена на времето. Нов продор на поларен воздух ќе донесе силен студ во западна Европа, особено во Велика Британија и Ирска, но истовремено Балканот и источна Европа ќе влезат под влијание на значително потопла воздушна маса.

Во некои региони температурите може да бидат и до 15 °C над нормалата, со дневни максимуми од 10 до 15 степени, а локално и повеќе, придружени со обилни врнежи од дожд, особено долж Јадранот, Италија и западниот Балкан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни