Папата Франциско почина во понеделник во 07:35 часот, на 88-годишна возраст, со што заврши периодот во кој тој беше поглавар што остави неизбришлива трага во историјата на Римокатоличката црква — и тоа во април, месецот што се смета за еден од оние во кои починале најмногу од неговите претходници.
Роден како Хорхе Марио Бергољо во Буенос Аирес, Аргентина, тој беше првиот папа од Латинска Америка, познат по својата блискост со најзагрозените, силната одбрана на животната средина и стремежот кон поскромна и посочувствителна Црква, пренесува шпанскиот весник Ларасон.
Веста за неговата смрт предизвика бран реакции и изрази на почит ширум светот, а интересно е што неговата смрт се вклопува во еден малку познат историски тренд: април е, низ вековите, еден од месеците во кои починале најмногу папи.
По септември (21 смрт), декември (20) и август (20), април се наоѓа на четвртото место по број на починати лидери на римокатоличката црква во историјата, со 18 забележани смртни случаи.
Меѓу нив се, меѓу другите: Папа Јован Павле II, кој почина на 2 април 2005 година, Папа Никола IV, кој умрел на 4 април 1292, Папа Аницет, чие точно време на смрт не е познато, но се одбележува на 20 април, Папа Јулиј I, кој „влезе во Божјото царство“ на 12 април 352, Папа Грегориј XIII, кој починал на 10 април 1585 и Папа Бенедикт XII, кој умрел на 25 април 1342
И секако, на таа листа сега се додава и неодамнешната смрт на папата Франциско во раните утрински часови на 21 април 2025 година.