Apple со предупредување до корисниците за целни напади со шпионски софтвер

Apple почна да испраќа известувања до сопствениците на iPhone за целни напади со шпионски софтвер. Според тврдењата на Чиро Пелегрино, новинар од италијанскиот портал Fanpage стигнало предупредување од технолошкиот гигант преку е-пошта и СМС-пораки.

Ева Влардингербрук, холандска активистка за човекови права и социјални прашања, тврди дека неодамна добила слична порака. Во објавите на X платформата, Ева покажа снимка од екранот од известување на Apple во кое се споменува „целен напад од платенички шпионски софтвер“ и се нагласува дека компанијата има „висок степен на доверба“ во автентичноста на известувањето.

„Ве молам, сфатете го ова сериозно“, се вели во предупредувањето. Влардингербрук вели дека ја доживеала оваа порака како обид за притисок и заплашување.

Apple препорачува жртвите на вакви напади да контактираат непрофитна организација специјализирана за истражување на сајбер шпионажа. Организацијата не е именувана, но Apple претходно ги упатуваше корисниците во групи како Citizen Lab.

Сепак, Пелегрино и Влардингербрук не се единствените што го добиле ова застрашувачко известување. Слични инциденти имаше и минатата година, кога компанијата двапати испрати предупредувања до корисници од различни земји низ целиот свет, без да открие детали за малициозниот софтвер.

Други технолошки компании издадоа слични предупредувања. Во февруари, WhatsApp го извести колегата на Пелегрино, Франческо Канселато, дека неговиот уред бил нападнат од алатка развиена од израелската компанија Paragon Solutions. Во исто време, беше објавено дека цел на нападот биле вработените во италијанската хуманитарна организација „Mediterranea Saving Humans“

Сè уште не е јасно дали новото предупредување на Apple е поврзано со истата компанија или е дел од друга, неоткриена кампања, но обемот на нападот, кој опфаќа 100 земји, сугерира дека играчите во дигиталната шпионажа се сè уште многу активни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни