Apple прави радикална промена – од јуни ништо нема да биде исто

Гурман го опиша преминот на систем кој го идентификува iOS според годината како „најсеопфатната промена досега во именувањето на оперативните системи“.

Apple следниот месец на WWDC конференцијата ќе ја претстави најновата верзија од оперативниот систем за iPhone – но изгледа дека тој нема да се вика iOS 19. Технолошкиот гигант ќе го промени начинот на именување на iOS, а следната верзија ќе се вика iOS 26, според извештај објавен во Bloomberg од познатиот Apple инсајдер, Марк Гурман.

Гурман го опиша преминот на систем кој го идентификува iOS според годината како „најсеопфатната промена досега во именувањето на оперативните системи“.

Нов систем на именување за сите уреди

Повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, тој тврди дека новиот систем ќе се прошири и на софтверот на другите Apple уреди, па така се очекува компанијата да претстави: iPadOS 26, macOS 26, watchOS 26, tvOS 26 i visionOS 26 …сето тоа на својот настан WWDC, закажан за 9 јуни.

Според Гурман, Apple се одлучил за оваа промена во обид да „внесе доследност во својот брендинг и да се оддалечи од пристапот кој може да биде збунувачки за корисниците и програмерите“. Тековните имиња на софтверот — како iOS 18, watchOS 12, macOS 15 и visionOS 2 — имаат различни броеви бидејќи се лансирани во различно време.

Што значи ова за корисниците?

Иако ова најверојатно нема да направи голема разлика за мнозинството Apple корисници кои само сакаат нивните уреди да функционираат како што треба, Apple верува дека овој потег ќе помогне во маркетингот.

Сепак, се поставува прашањето: зошто бројот 26, ако новиот систем ќе биде објавен оваа есен, во 2025 година? Зошто Apple не се одлучи за iOS 25?

Можеби сè ќе биде разјаснето следниот месец, кога Apple официјално ќе го објави новиот систем на именување на својот годишен настан за програмери — кој, интересно, сè уште се вика WWDC25, а не WWDC26.

Извор: B92

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни