Apple го претстави MacBook Neo – најдостапниот лаптоп досега

Apple го лансираше MacBook Neo, најдостапниот лаптоп досега, со почетна цена од 700 евра во Европа, нови бои и батерија до 16 часа.

Apple го претстави новиот MacBook Neo, лаптоп со кој компанијата отвора подостапна категорија во својата понуда. Со овој модел технолошкиот гигант има цел да ги доближи своите компјутери до поширока публика, особено до студенти и млади корисници кои досега се двоумеа поради повисоките цени.

MacBook Neo е најповолниот лаптоп на Apple досега. Почетната цена на американскиот пазар изнесува 599 долари, додека во Европа стартува од околу 700 евра, што го прави значително поевтин од претходните најдостапни модели на брендот. Од компанијата сметаат дека токму цената била една од главните причини поради кои дел од корисниците не се одлучувале за Mac уред.

Новиот модел, покрај класичната сребрена боја, е достапен и во неколку впечатливи нијанси, инспирирани од постарите генерации на Apple лаптопи. Темно индиго сина, нежно розова и светла цитрусна боја внесуваат доза на ретро естетика и свежина во дизајнот.

Иако е поевтин, MacBook Neo нуди карактеристики споредливи со MacBook Air. Има слични димензии, поддржува поврзување и синхронизација со iPhone преку Apple екосистемот, а батеријата овозможува до 16 часа работа со едно полнење. Дополнително, за првпат кај Apple лаптоп е воведен страничен микрофон, кој овозможува поквалитетно снимање звук.

Компанијата става акцент и на одржливоста. MacBook Neo е изработен од 60 проценти рециклирани материјали, што претставува највисок удел на рециклирани компоненти досега користен во еден производ на Apple.

Продажбата на MacBook Neo започнува на 11 март.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни