Апел до возачите кои возат во Србија: Внимателно возете поради магла, поледица и можни одрони

„Патишта на Србија“ предупредуваат на влажни коловози, снег до 5 см и опасност од магла, поледица и одрони на повеќе патни правци.

Коловозите се влажни, а на најоптоварените патни правци од I, II и III приоритет за одржување има снег до 5 сантиметри, соопшти Јавното претпријатие „Патишта на Србија“, врз основа на извештајот на Штабот на зимската служба. До возачите е упатен апел за внимателно возење поради магла, поледица и можни одрони.

Делниците на кои има снег се:
Ивањица – Јавор, Нова Варош – Алјиновиќи, Мајданпек – Клокочевац – Штубик, Штубик – Неготин – државна граница со Бугарија (граничен премин Мокрање), Доњи Милановац – Поречки мост – ХЕ Ѓердап 1, Голубац – Доњи Милановац, Неготин – Заечар – Вратарница – Књажевац, граница РУМ/СРБ (брана ХЕ Ѓердап 1) – Кладово – Неготин, Јелова Гора.

На останатите патни правци од I приоритет за одржување, коловозите се влажни во пониските предели, а снег има местимично, во кашеста состојба, до 5 сантиметри, на подрачјата на Ивањица, Ужице и Заечар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни