Анкета на Трн: Што би избрале граѓаните после новиот предлог на Мицковски за ,,Данокот на немажени”?

Над половина од испитаните гласачи би ја избрале „селидбата“ како одговор на ваква владина политика – најдобро покажувајќи како граѓаните гледаат на вакви решенија.

Владата сериозно размислува за воведување даноци за немажени и неженети граѓани – предлог што вчера лично го најави премиерот Христијан Мицкоски, зборувајќи на тема „демографска рецесија“, спречување на иселувањето и зголемување на наталитетот во Македонија.Според премиерот, проблемот со иселувањето е сериозен – владата го препознава, не го крие и вели дека работи да го поправи загрижувачкиот тренд.

Но токму „данокот за немажени“ е предложеното решение.

Нашата анкета покажа што би избрале луѓето после ваков предлог:

✅ Свекрва – 9%

✅ Данок – 9%

✅ Отпор – 25%

✅ Селидба – 57%

Над половина од испитаните гласачи би ја избрале „селидбата“ како одговор на ваква владина политика – најдобро покажувајќи како граѓаните гледаат на вакви решенија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни