По прв пат оваа година, Пакомак во соработка со Giffoni, организираше натпревар во собирање шишиња за рециклирање.
Благодарение на младите кои учествуваа, постигнати се неверојатни резултати, кои покажуваат како иновациите можат да помогнат во повторната употреба на пластиката.
Победникот, Анѓа Давчева, собра импресивни 1300 „зелени поени“ и обезбеди учество на филмскиот фестивал Џифони во Италија следната година.
Меѓу другите учесници се Марија Димитровска (955 поени), Дариа Петровска (573 поени) и Јана Стојановиќ (466 поени).
Сите учесници, за нивниот труд, добија двојно повеќе ,,зелени поени”.