Американските власти го привеле најпознатиот „тиктокер“ во светот, Хаби Лејм

Американската служба за имиграција и царина (ICE) го привела Хаби Лејм, најследениот креатор на ТикТок, поради престој подолго од дозволениот рок.

Лејм, кој има над 162 милиони следачи на ТикТок, е италијански државјанин со потекло од Сенегал. Тој стана глобално познат по своите тивки видеа во кои саркастично ги демонстрира „животните трикови“ и соработува со познати личности.

ICE потврди за порталот Mashable дека Хаби Лејм (25) бил приведен на 6 јуни на аеродромот „Хари Реид“ во Лас Вегас, Невада, поради прекршување на визените правила.

„Лејм влезе во САД на 30 април и остана подолго од дозволениот престој. На 6 јуни му беше одобрено доброволен заминување, по што ги напушти САД“, изјави портпарол на ICE.

И покрај инцидентот, Лејм продолжи да објавува содржини на социјалните мрежи, но сè уште нема официјално соопштение од негова страна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни