Американските сили запленија уште еден танкер за кој администрацијата на Трамп тврди дека е поврзан со Венецуела (ВИДЕО)

Секретарката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, на социјалните мрежи напиша дека танкерот „Вероника“ претходно поминал низ венецуелските води и дејствувал спротивно на карантинот за санкционирани бродови во Карибите, воведен од Трамп

Американските сили во Карипското Море запленија уште еден танкер за нафта под санкции, за кој администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп тврди дека е поврзан со Венецуела.

Секретарката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, напиша на социјалните мрежи дека танкерот „Вероника“ претходно поминал низ венецуелските води и дејствувал спротивно на карантинот за санкционирани бродови во Карибите, воведен од Трамп.

Ноем, исто така, објави кратко видео кое се чини дека го прикажува запленувањето на бродот. Црно-белите снимки покажуваат хеликоптери како лебдат над палубата на трговски брод, додека вооружени војници се спуштаат на палубата со јажиња.

Танкерот „Вероника“ е шестиот брод запленет од американските сили како дел од напорите на администрацијата на Трамп да ја преземе контролата врз производството, преработката и глобалната дистрибуција на венецуелски нафтени производи, а трет откако САД, во ненадејна ноќна операција пред речиси две недели, го киднапираа венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни