Американскиот министер за финансии најавува трговски договори со сојузниците

Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, денес изјави дека очекува постигнување на трговски договори со американските сојузници, кои би ги поставиле темелите за колективен пристап кон Пекинг во решавањето на, како што рече, „неурамнотежениот трговски систем на Кина“.

„На крајот на денот, веројатно ќе постигнеме договор со нашите сојузници. Тие беа добри воени сојузници, но не и совршени економски сојузници“, изјави Бесент пред новинарите по својот говор на „Американската банкарска асоцијација“ во Вашингтон, пренесе Блумберг.

Бесент исто така ја предупреди Европската унија да не се обидува да се сврти кон Кина наместо кон САД.

Извор: ТАЊУГ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни