Американски воен авион за дополнување гориво се урна во четвртокот во западен Ирак, соопшти Централната команда на САД.
Во леталото имало шест војници, а инцидентот се случил додека во операцијата учествувал уште еден авион. Според првичните информации, падот не бил предизвикан ниту од непријателски напад ниту од т.н. пријателски оган.
Станува збор за авион KC-135, кој се користи за дополнување гориво во воздух на други воени летала.
Спасувачка операција на терен
Централната команда на САД соопшти дека веднаш по несреќата е започната спасувачка операција.
Во истото соопштение се наведува дека вториот авион кој учествувал во операцијата безбедно слетал.
Зголемено американско присуство на Блискиот Исток
Соединетите Американски Држави во последниот период распоредија голем број воени авиони на Блискиот Исток, како дел од операциите поврзани со конфликтот со Иран.
Истрагата за причините за несреќата е во тек.