Американски медиуми тврдат: САД користеле воена вештачка интелигенција во нападите врз Иран

Американската војска користела напредни системи на вештачка интелигенција – Maven Smart System и Claude – за идентификација и избор на цели во нападите врз Иран, тврдат американски медиуми.

Воените сили на САД користеле еден од најнапредните системи на вештачка интелигенција досега за време на нападите врз Iran, со чија помош во првите 24 часа биле погодени околу 1.000 цели, објави The Washington Post повикувајќи се на извори запознаени со операцијата.

Според извештајот, станува збор за системот Maven Smart System, развиен од компанијата Palantir Technologies. Овој систем обработува огромни количини доверливи податоци добиени од сателити, извидувачки системи и други разузнавачки извори, овозможувајќи брзо откривање, селекција и приоритизирање на цели во реално време.

Во системот бил интегриран и алатот за вештачка интелигенција Claude, развиен од компанијата Anthropic.

Според изворите на американскиот весник, за време на планирањето на нападите врз Иран, Maven, со поддршка од Claude, предложил стотици потенцијални цели, обезбедил прецизни координати и ги рангирал според нивната стратешка важност.

Благодарение на оваа технологија, процесот на воено планирање, кој вообичаено трае со недели, бил скратен на операции што се изведуваат речиси во реално време. Системот бил користен и по нападите, за проценка на ефектите од извршените удари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни