Американската операција против Иран: Детален преглед на оружјето кои го употреби САД и последиците

Претседателот Доналд Трамп јасно стави до знаење дека целта на САД не е привремено примирје, туку комплетно елиминирање на иранската способност за развој на нуклеарно оружје

Соединетите Американски Држави во изведоа голем, координиран воздушен и ракетен напад врз клучните ирански нуклеарни постројки, вклучително и Натанз, Исфахан и Фордо. Нападот беше изведен со прецизна воена координација, користејќи B-2 Spirit стелт бомбардери, GBU-57 “bunker buster” бомби и 30 Tomahawk крстосувачки ракети испалени од американски воени бродови и подморници.

Kлучни цели: Натанз, Исфахан и комплетно уништениот Фордо

Според информациите објавени од Fox News, операцијата вклучувала меѓу пет и шест бомби за продирање во бункери фрлени од B-2 бомбардери. Главна цел била Фордо, подземно нуклеарно построение кое, според изјавата на претседателот Трамп, е „целосно уништено“.

Дополнително, 30 Tomahawk ракети биле лансирани од оддалеченост од околу 640 километри, погодувајќи објекти во Натанз и Исфахан, делови што се клучни за иранското збогатување ураниум.

Детали за употребеното оружје

GBU-57 “Massive Ordnance Penetrator” – Бомба за бункери

  • Тежина: 6.350 до 13.600 килограми
  • Продорна моќ: До 200 метри во армиран бетон
  • Бојева глава: Одложена експлозија за максимално уништување под земја
  • Навигација: GPS-систем со корекција во лет

Tomahawk крстосувачки ракети

  • Домет: До 2.500 километри
  • Брзина: Околу 880 km/h
  • Бојева глава: 450 кг конвенционален експлозив
  • Навигација: Комбинација од инерцијален систем, GPS и теренско мапирање
  • Прецизност: Помалку од 10 метри отстапка
  • Лансирни платформи: Подморници и разурнувачи

B-2 Spirit стелт бомбардери

  • Технологија: Невидливост за радар
  • Домет: До 11.000 км без дополнително полнење
  • Носивост: До 23 тони оружје
  • Екипаж: Два пилота, со способност за 44-часовен непрекинат лет

Американско присуство пред нападот

Во неделите пред нападот, САД распоредиле значителни сили во Блискиот Исток, вклучително и носачот на авиони USS Nimitz, ловци F-16, F-22 и F-35, како и B-2 бомбардери. По завршувањето на мисијата, бомбардерите се вратиле во Пацификот.

Трамп: „Не сакаме примирје, туку целосна победа“

Претседателот Доналд Трамп јасно стави до знаење дека целта на САД не е привремено примирје, туку комплетно елиминирање на иранската способност за развој на нуклеарно оружје. Во изјава до Fox News тој рече:

„Не бараме прекин на огнот. Бараме целосна и апсолутна победа. Тоа значи: без нуклеарно оружје.“

Регионални и глобални последици

Овој напад претставува пресвртница во американската надворешна политика кон Иран и јасна порака во глобалната борба против ширењето на нуклеарно оружје. Со уништувањето на Фордо, Иран го доживеа најголемиот удар врз својата нуклеарна програма во последната деценија.

Иран сега стои пред две можности: да ја ескалира војната во поширок конфликт или да се согласи на мировен договор и нов договор за неширење на нуклеарна технологија, што беше и првичната цел на администрацијата на Трамп.

Додека светот внимателно ја следи ситуацијата, стравовите од нова регионална војна и масовна бегалска криза остануваат реални, особено во светло на разурнувањето на подземната нуклеарна инфраструктура и можните одмазднички удари од иранска страна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни