Американската армија објави нови информации за нападите врз ирански цели, потврдувајќи дека погодиле „иранска корвета од класата Јамаран“.
„Бродот моментално тоне на дното на Оманскиот залив, близу пристаништето Чах Бахар“, се наведува во соопштението.
Исто така, испратена е порака до иранските сили, цитирајќи го американскиот претседател: „Како што рече претседателот, припадници на иранските вооружени сили, Здружените сили на Чуварите на исламската револуција и полицијата, морате да ја предадете оружјето. Напуштете го бродот.“