Американците уништиле два свои авиони во операцијата за спасување на пилотите

За да не паднат во рацете на непријателот, американските сили уништиле два свои авиони, објави Би Би Си

Операцијата за спасување на американскиот пилот чиј Ф-15 беше соборен во Иран беше исклучително сложена и вклучуваше стотици припадници на специјалните сили и десетици авиони и хеликоптери, јавува Би-Би-Си.

Аналитичарот на Би-Би-Си, Крис Партриџ, наведува дека ова е една од најголемите операции за пребарување и спасување во последните години, во која биле користени значајни воени ресурси.

Пилот е повреден, со денови избегнувал заробување

Според Би-Би-Си, офицер од службата за оружје (WSO), кој седел на второто седиште на F-15E Strike Eagle, бил повреден за време на исфрлање над јужен Иран. И покрај повредите, тој успеал да се движи и да избегне заробување повеќе од еден ден, вооружен само со пиштол.

Ова е првиот Ф-15Е соборен во борба по повеќе од 20 години.

Напади за сопирање на иранските сили

Американските сили отворија оган за да ги спречат иранските сили да се приближат до локацијата каде што се наоѓал пилотот. Според достапните информации, за време на операцијата имало и размена на оган со иранските сили.

Сопствениот авион е уништен

Би-Би-Си исто така наведува дека два од петте американски транспортни авиони што биле користени во операцијата не успеале да полетаат од Иран. За да не паднат во рацете на непријателот, американските сили ги уништиле.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни