Најмалку 40 загинати во американскиот напад врз Венецуела, меѓу нив и цивили

Венецуелски извори и „Њујорк тајмс“ објавуваат прелиминарни податоци за жртвите од саботната воена операција

Најмалку 40 лица, меѓу кои воен персонал и цивили, загинале во американскиот напад врз Венецуела извршен рано наутро во саботата, според прелиминарни извештаи што за Њујорк тајмс ги изнел висок венецуелски функционер кој побарал да остане анонимен.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека во операцијата нема загинати американски војници, но потврди дека неколку припадници на вооружените сили биле повредени за време на мисијата.

Подоцна истиот ден, на прес-конференција одржана во Мар-а-Лаго, генералот Ден Кејн, претседател на Здружениот штаб на вооружените сили на САД, изјави дека американските хеликоптери биле ангажирани во операција за извлекување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга, кога биле нападнати.

Според Кејн, еден од хеликоптерите бил погоден, но „останал способен за лет“, додека сите американски летала безбедно се вратиле во базите. Тој не даде дополнителни детали за точната локација и интензитетот на нападот.

Набргу по завршувањето на операцијата, почнале да пристигнуваат извештаи за цивилни жртви. Во населбата Катија Ла Мар, сиромашна крајбрежна област западно од меѓународниот аеродром во Каракас, американски воздушен удар погодил трикатна станбена зграда.

Венецуелските власти сè уште не објавиле конечен биланс на жртвите, а истрагата за последиците од нападот е во тек.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни