Алон Оел на слобода, Хамас ослободи седум заложници

Палестинската милитантна група Хамас, како што беше најавено, започна со ослободување на преостанатите заложници.

Според израелските медиуми, седум лица се предадени на Црвениот крст во градот Газа, меѓу кои и српскиот државјанин Алон Оел.

Меѓу ослободените се и: Гали и Зив Берман, Матан Ангрест, Омри Миран, Ејтан Мор и Гај Гилбоа-Далал, пренесува Радио-телевизија Србија (РТС).

Саудискиот медиум Ел Хадас исто така извести дека Црвениот крст примил седум живи таоци во северниот дел на Појасот Газа, по информациите на катарскиот канал Ел-Араби, според кој нивната предава била извршена од военото крило на Хамас.

Од Израелските одбранбени сили (IDF) засега нема официјална изјава по повод настанот.

Ослободувањето на заложниците започнало во 7 часот наутро (8 по локално време), соопштуваат извори од теренот.

Израел очекува враќање на уште 48 лица – најпрво 20 преживеани, а потоа и 28 (26 загинати и двајца чија судбина сè уште не е позната).

Во рамки на договорот за размена, Министерството за правда на Израел објави список со 250 палестински затвореници кои ќе бидат ослободени. Меѓу нив нема високи функционери на Хамас, како што се Марван Баргути и Ахмед Саадат – што беше дел од барањата на Хамас.

Канцеларијата за информации за палестинските затвореници соопшти дека преговорите за конечната листа сè уште се во тек.

Исто така, се очекува ослободување на 1.700 жители на Газа уапсени по 7 октомври 2023 година.

Извор:N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни