Иранскиот врховен лидер Али Хамнеи е тајно префрлен во Русија поради безбедносни причини, особено откако Израел објави дека ќе биде нивна цел. Извор објаснува дека иранските безбедносни служби особено се плашеле локацијата на Хамнеи да не биде откриена преку следење на неговите лекари и специјалисти задолжени за неговото лекување. Поради тоа, е прифатена препораката лечењето да се изврши во Русија, тврди изворот на кувајтскиот портал.
Изворот додава дека рускиот претседател Владимир Путин лично го предложил лечењето на Хамнеи во Русија за време на телефонски разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан минатиот четврток. Иранските официјални лица, вклучувајќи го и самиот Хамнеи, внимателно го разгледале рускиот предлог и го прифатиле, тврди изворот.
Хамнеи бил префрлен четвртокот вечерта, а грижата за него ја презеле руски лекари со помош на неколку ирански колеги кои го следеле, наведува кувајтскиот весник.