Алгоритмите ги преземаат работните места во Европа: Синдикатите предупредуваат на недостаток на заштита на работниците

Поради алгоритмите работниците ја губат контролата врз сопствените права и бараат од ЕУ нови регулативи за транспарентност и заштита.

Поради преземањето на работните места од страна на алгоритмите во Европа, синдикатите со предупредувања дека работниците не се доволно заштитени.
Додека компаниите ја фалат ефикасноста на новите технологии, синдикатите предупредуваат дека работниците ја губат контролата врз сопствените права и бараат од ЕУ нови регулативи што би обезбедиле поголема транспарентност и заштита.

Според истражувањето на литванската агенција Visionary Analytics за Европската комисија, дури едно од четири работни места во Европа користи алгоритми и вештачка интелигенција (ВИ) за донесување на одлуки што влијаат на вработените.

Алатките за вештачка интелигенција веќе се користат во регрутирањето, планирањето на смените, евалуацијата на перформансите и следењето на работниците, а се очекува нивното влијание експоненцијално да расте во текот на следните десет години.

Европската конфедерација на синдикати (ЕСС) предупредува дека синдикатите тешко можат да ги заштитат правата на работниците, бидејќи немаат доволно експерти или ресурси за да ги разберат алгоритамските системи.

„Компаниите често не ги информираат работниците или синдикатите за воведувањето на нови алгоритми што одлучуваат за платите, работното време или следењето на вработените“, вели Теа Јарц од ЕСС.

Во извештајот на Европската комисија се наведува дека постојното законодавство на ЕУ не ги опфаќа сите аспекти на алгоритамското управување, особено во однос на транспарентноста и границата помеѓу работата и слободното време.

„Време е компаниите да сфатат дека не можат да ги кријат менаџерските одлуки зад алгоритмите“, вели Јарц.

Според UNI Europa, во моментов во ЕУ постојат само 23 колективни договори кои содржат одредби за алгоритамско управување, главно во Шпанија и Данска.

Повеќето синдикати немаат финансиски средства да ангажираат експерти во оваа област.

Во 2024 година, Европската унија ја усвои Директивата за платформски работници, која забранува отпуштање врз основа на алгоритамски одлуки и го гарантира правото на човечки надзор.

Сепак, синдикатите сметаат дека регулативата е застарена и бараат нова, сеопфатна директива за употреба на вештачка интелигенција на работното место.

„Законодавците заостануваат зад технологијата“, предупредува Јарц, додавајќи дека вештачката интелигенција веќе влијае на милиони работници низ цела Европа, но правилата сè уште не се во чекор со реалноста.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни