Alex Nightingale е син на пионерката на BBC радио и телевизискиот сервис, Eni Nightingale. Тој е директор на EC1 Music Agency повеќе од 30 години. Во текот на тој период, претставувал широк спектар на артисти, од Primal Scream до The Chemical Brothers. Со Alex разговаравме на минатонеделната ПИН Музичка Конференција за неговата интимна приказна со музиката, за равојот и трендовите во музичката индустрија, за моментите кои не се забораваат и секако за соработката со The Chemical Brothers. Едно убаво интервју за животот и музиката на Alex Nightingale.
Tрн: Како започна да се занимаваш со музика и како ја почна приказната со EC1 агенцијата?
Alex: Доаѓам од музичко семејство. Мојата мајка, Ени која почина на почетокот на оваа година, беше водителка за BBC телевизија и радио цели пет децении. Нејзиното последно шоу беше декември минатата година, а последната песна што ја пушти на Радио 1 беше од Bad Bunny.
Едно од моите рани сеќавања беше посета на куќата на Кит Мун недалеку од Лондон. Во дворот се одржуваа трки со ховеркрафтови, а се сеќавам дека неговиот шофер победи.
Ени беше најпозната по своето ТВ шоу „The Old Grey Whistle Test“, кое ја опфаќаше панк/новата ера и вклучуваше акти како P.I.L., Питер Тош, Елтон Џон и The Damned. The Who, The Police, Ерик Клаптон и дури Џими Хендрикс биле честите гости во куќата на мојата мајка во Брајтон, приморски град како што е претставен во романот на Грем Грин „Brighton Rock“. Моето последно сеќавање на шесткатната куќа беше крајот на турнејата на Primal Scream со DJ-и како Andy Weatherall и The Orb. Тоа траеше три дена.
EC1 Music Agency ја започнав во 1990 година. Првиот концерт што го организирав беше на African Headcharge на Гластонбери Фестивалот. Првата турнеја што ја организирав беше со тип по име Gerald, кого го запознав кога работеше во McDonald’s во Манчестер. Живеев во канцеларијата бидејќи не можев да си дозволам да изнајмам стан. Дури и ги пишував договорите сами со стара машина за пишувње, што одземаше страшно многу време.
Канцеларијата до EC1 беше дом на Heavenly Records, од кои научив многу за индустријата. Брзо потоа се најдов како менаџирам Primal Scream низ нивната ера на „Screamadelica“. Тие беа едни од првите уметници кои имаа целоночни rave забави со DJ-и пред и по нивните концерти, со cool акти како Sabres of Paradise и The Dust Brothers, кои станаа The Chemical Brothers.
Tрн: Како се промени индустријата од тоа време до денес?
Alex: Индустријата се промени до степен на нераспознавање. Се чини дека има се помалку луѓе во индустријата кои имаат вистинска страст за музиката. Среќа што музичката еволуција никогаш нема да запре. Социјалните медиуми, ако се контролирани ефективно, можат да ја продолжат и унапредат кариерата на уметниците и нема смисла да се игнорираат бидејќи нема да исчезнат наскоро.
Tрн: Некои незаборавни моменти од твојата музичка историја кои би сакал да ги споделиш?
Alex: Еден од првите концерти што ги видов беше The Who во Lyceum во 1973. Тие беа првиот жив настап кој користеше ласери, веројатно. Сè уште ги сакам добрите ласери!
Дејвид Боуви – Бев кратко со него на пробата за турнејата Ziggy Stardust во Brighton Dome. Бев на пат за дома од училиште.
The Orb во Trekona, вештачки остров 2 километри од Копенхагенскиот пристаниште, беше интересно. 8.000 луѓе стигнаа до концертот со шатл-брод. Како што беше 21-ви јуни, бендот настапи со два сета: еден за зајдисонце и еден за изгрејсонце. За жал, светлосните системи користени од бендот беа толку моќни што контролата на авионскиот сообраќај мораше да го затвори аеродромот во Копенхаген бидејќи тоа влијаеше на навигациските системи на авионот. Концертот беше прекинат брзо!
Tрн: Што е со фестивалите, какво е нивното место во твојата кариера, особено Гластонбери?
Alex: Првпат присуствував на Гластонбери Фестивалот во 1981 година – Hawkwind и New Order беа хедлајнери. Цената на билетот беше £8.
New Order секогаш држат посебно место за мене со своето звук. Stevie Wonder, Sir Paul McCartney, The Wombles...
Го напуштив фестивалот во половен амбулантен автомобил со Mick Jones од The Clash. Историјата со изгубените клучеви можеше да се случи само на Гластонбери. Од друга страна, масивната големина на фестивалот никогаш не престанува да ме изненадува…
Различни целоночни забави во Brixton Academy во Лондон. Познатата целоночна забава на Primal Scream/George Clinton/Dust Brothers/Weatherall во Brixton Academy во 1994 година – се зборува дека тоа сè уште го држи рекордот за најголемата листа на гости во историјата на местото.
Tрн: И веројатно еден од најзначајните периоди од твојата кариера The Chemical Brothers...Какво е искуството од работата со нив?
Alex: Многу спомени од The Chemical Brothers низ целиот свет – од поддршка на Oasis на Knebworth во 1996 година до нивниот епски настап на Гластонбери во 2019 година. Настапот на Royal Albert Hall за Teenage Cancer Trust минатиот март беше многу посебен.
Главен настап на Fuji Rock Festival во Јапонија на неколку наврати, како и неверојатните Big Day Out турнеи низ Австралија.
Паметам првиот пат кога ја слушнав „Galvanize” во DJ кабината во Италија со пилотот на клубот кој ги возеше. The Chemical Brothers го имаат најдобриот тим со кој сум работел – како во воена операција (но во мирна форма).