Со 16 години посветеност на планините, филмот и човечката инспирација, „ЕХО – Фестивалот на планински филм“ стана повеќе од културен настан: тој е прозорец кон свет полн со височини, подвизи и внатрешни откритија.
Оваа година, фестивалот става акцент на алпинизмот, екологијата и особено на гласот и визијата на жената во светот на планинските предизвици.
Во разговор со Александар Зарапчиев, дел од тимот зад фестивалот и долгогодишен промотор на планинската култура – зборуваме за темите што го обликуваат ова издание, влијанието на ЕХО врз заедницата, предизвиците на организацијата и што навистина значи успех за еден ваков фестивал.

Трн: Доминантна тема, фокус или акцентирана порака во овогодинешната програма
Александар: Доминантната тема на 16-тото издание на ЕХО е алпинизмот и качувањето низ филмови направени со чиста, искрена мотивација за личен раст и надминување. Авантурата, екологијата и односот кон природата се нюанси што постојано се провлекуваат низ програмата.
Оваа година имаме силен акцент на жената како протагонист во овие теми:
Филмот „Последната експедиција“ (The Last Expedition), режија Елиза Кубарска (Полска), ја претставува легендарната Ванда Руткевич – нејзините подвизи, предизвици и трагедија се преточени во визуелна, емотивна и инспиративна приказна.
Филмот „Девојка качувач“ (The Girl Cimber), режиран од Џон Гласберг (САД, 2024), со главната протагонистка Емили Харингтон, ја осветлува модерната, храбра страна на качувањето, инспирирајќи ги новите генерации.
Промоцијата на книгата „Ванда – приказна за силата на животот и на смртта“, од Ана Камињска, дава литературен и биографски контекст што ја збогатува програмата со лична драма на голема храброст.
Тимот Словенки: Ања Петек, Патриција Вердев и Урша Кешар – ја претставуваат женската експедиција на Лалунг во Индија и се добитници на златниот цепин (Piolet d’Or), највисокото светско признание во алпинизмот, што ја зацврстува темата за родова видливост и меѓународен успех.
Филмот „Транго“ (реж. Лео Хорн, САД, 2025) донесува визуелна драма, екстремност и уметнички аспекти на природата, не само како физички пејсаж, туку како метафора за граници, падови и повторно издигнување.
На тој начин, покрај чистата авантура и спортска борба, годинава ЕХО го слави и гласот на жената, нејзината снага, визија и влијание во светот на педезни предизвици и на визуелна уметност.
Трн: Како фестивалот влијае на локалната заедница и на промоцијата на авантуризмот и екологијата
Александар: Веруваме дека ЕХО инспирира, едуцира и поврзува. Преку филмовите, предавањата и работилниците, фестивалот нуди можност за поттикнување на љубов и почит кон природата, но и за продлабочување на свеста за нејзината кревкост.
Нашата планинарска заедница расте брзо, но не секогаш со исто темпо во едукативна и етичка смисла. Токму затоа ЕХО нуди неформална, но суптилна едукација — преку инспирација, а не преку наметнување.
Фестивалот е место каде што се учи без чувство дека некој те учи: преку филм, приказна, разговор, споделена енергија.
На тој начин ЕХО станува тајно оружје во градењето на свесност за одговорен однос кон планината, како и поттик за нови авантуристи, биолози, заштитари, уметници и обични љубители на природата.
Трн: Кои се најголемите логистички предизвици при организирање фестивал во природна или планинска средина
Иако ЕХО е фестивал посветен на планината, настанот е урбан по концепт – проекциите и дел од активностите се одржуваат во Кинотеката на РСМ, со сите предности што ги нуди градската инфраструктура.
Главниот предизвик е да се пренесе автентичната енергија на планината во урбан контекст – да се почувствува свежината, ризикот, слободата и духовноста што ја носи природата, дури и кога седиме во кино сала.
На тој начин, ЕХО создава мост меѓу градот и планината, и им го приближува планинскиот дух на оние кои сè уште не го доживеале директно.
Логистички, секое издание подразбира координација на гости од повеќе земји – алпинисти, режисери, автори, фотографи – заедно со преводи, транспорт, монтажа и технички подготовки.
Природата е секогаш непредвидлива: временски услови, пристап до надворешни локации и активности надвор од градот носат дополнителни предизвици.
А публиката е разновидна – од искусни планинари до оние што првпат влегуваат во оваа тематика. Затоа програмата мора да биде внимателно балансирана: од кратки филмови и активности за деца, до големи експедиции и инспиративни предавања.
На тој начин, ЕХО останува точка на спој – меѓу урбаното и дивото, меѓу екранот и планината, меѓу оние што живеат во неа и оние што сè уште ја откриваат.

Трн: Што би сакале да видите како најголем успех по завршување на ова издание
Александар: Најголем успех би бил ако по завршувањето на фестивалот луѓето ја почувствуваат планината поблиску и посилно, со повеќе свест за нејзината вредност и потребата од заштита.
Посакуваме повеќе разбирање, повеќе почит и повеќе љубов – не само кон природата, туку и кон самите себе, преку неа.
Ако барем еден посетител реши да замине во планина со повеќе внимание и почит кон средината, тогаш мислијата на ЕХО е исполнета.
Трн: Што го прави Планинскиот филмски фестивал ЕХО уникатен во однос на другите филмски фестивали во регионот
Александар: ЕХО не е само фестивал на збирка на филмови за планина и природата — тој го гледа филмот како уметничка форма. Филмовите што ги селектираме се не само документи за авантура, туку визуелни и емоционални искуства: каде пејсажот, камерата, монтажа, звук, музика, светло — се дел од приказната, дел од чувството што остава трага.
Членството на ЕХО во IAMF (International Alliance for Mountain Film Festivals) ја потврдува оваа уметничка и професионална димензија. Како членка, фестивалот споделува стандарди, размени, мрежи, и пристап до меѓународни филмови и автори, што го подигнува на ниво на светска репутација.
ЕХО ја комбинира филмската уметност со авантурата, екологијата, литературата, образованието; преку предавања, презентации, книги (на пример „Ванда — приказна за силата на животот и на смртта“, „Ѕвезди и бури“ од Гастон Ребуфа), меѓународни гости и експедиции; таа мултидисциплинарност го прави фестивалот жив, сложен и инспиративен.
И најважно — фестивалот го правиме со љубов. Тоа е енергијата без која убавите филмови и уметничките концепти би биле само проекции. Но со љубов, со страст и со вера, ЕХО станува простор каде што публиката не само гледа — туку чувствува, размислува, се променува.
Во продолжение програмата на фестивалот:
Ден 1 20 октомври 2025, Понеделник
А) Кинотека на РМ
19:00 Отварање на ЕХО 16 – промоција на книга
19:30 „Последната експедиција“, Елиза Кубарска, Полска, 80′
21:10 „Девојка качувач“, Џон Гласберг, САД, 2024, 83′
Б) Втора кино локација, Кинотека на РМ (Кино Мирно лето или галерија – согласно временски услови)
17:00 „Бушидо. Изборот“, Марчин Томашевски, Полска, 2025, 29′
„Вечниот Мон Блан?“, Бертранд Делапјер, 2025, 50′
20:30 „Наши волци“, Самер Анџелоне, Италија, 2025, 82′
„Зони на жртвување“, Нагоре Есеиза Муика, Шпанија, 2024, 25′
ДЕН 2
21 октомври 2025, вторник
А) Кинотека на РМ
17:00 „Дрво на животот“, Мејту Ле Лај, Франција, 2024, 28′
„Најдобриот ден досега“, Бен Најт / Берн Броуди, САД, 2025, 48′
19:00 Скриеното богатство на природата – вредноста што не се гледа, предавање од Наталија Меловска, Македонското еколошко друштво
19:40 Програма за закрепнување на балканскиот рис 2.0 Како да го спасиме балканскиот рис?
– Предавање од Андреј Гонев, биолог во Македонско еколошко друштво
20:30 „Брзата линија“, Јохен Шмол, Швајцарија, 2025, 30′
„Диви цвеќиња“, Трикси Пакси, Канада, 2024, 38′
„ЈАМЕС – 100 години по карпите“, Павол Барабаш, Словачка, 2024, 67′
21 октомври 2025, вторник
Б) Втора кино локација, Кинотека на РМ (Кино Мирно лето или галерија – согласно временски услови)
17:00 „Бушидо. Изборот“, Марчин Томашевски, Полска, 2025, 29′
„Вечниот Мон Блан?“, Бертранд Делапјер, 2025, 50′
20:30 „Наши волци“, Самер Анџелоне, Италија, 2025, 82′
„Зони на жртвување“, Нагоре Есеиза Муика, Шпанија, 2024, 25′
ДЕН 3
22 октомври 2025, среда
А) Кинотека на РМ
17:00 „Смирено“, Алекс Хајтлер, Франција, 2025, 36′
„Бркајќи змејови“, Темистокле Лабридис, Грција, 2025, 63′
19:00 ”Мир и авантура: Стоечко веслање низ Македонските планински езера” – Презентација за СУП веслањето на Дамјан Петрески
19:20 Панел дискусија – Креирање и негување на партнерства меѓу управувачите со заштитените подрачја и љубителите на планините со претставници од Национален парк Галичица и Алпинистички клуб Патагонија од Охрид
Промоција на книга: „Ѕвезди и бури“ на големиот Гастон Ребуфа.
20:30 „Суровиот пат“, Дејан Барарев, Бугарија, 2025, 109′
Б) Втора локација, Кинотека на РМ (Кино Мирно лето или галерија – согласно временски услови)
17:30 Промоција на европски атлас на мобилноста во соработка со Go Green
„Доволно далеку“, Жулеин Карот, Франција, 27′
„Паралелен свет“, Александар Валчев, Бугарија, 2024, 22′
20:30 „Пластични луѓе“, Бен Аделман / Зија Тонг, Канада, 2024, 84′22 октомври 2025, среда
ДЕН 4
23 октомври 2025, четврток
А) Кинотека на РМ
17:00 „Преку“, Алекс Белини, Италија, 2025, 45′
„Северни линии“, Адам Лосински, Полска, 2025, 23′
„Вечно соло“, Андреа Косу, Италија, 2025, 31′
19:00 ,,ЕХО во сеќавање на Слободан Трајковски – Касандар” и проекција на два негови кратки документарни филмови „Слобода на две тркала“ и „Велоаџилак“.
„Торино Торино“, Бернадет Вебер, Италија, 2025, 46′
20:50 „Транго“, Лео Хорн, САД, 2025, 45′
„Патагонија: достигнат врв“, Денис Лукјанчук, Казахстан, 2024, 38′
23 октомври 2025, четврток
Б) Втора локација, Кинотека на РМ (Кино Мирно лето или галерија – согласно временски услови)
17:00 „Почеток“, Орелиен Колет, Франција, 2024, 15′
„Кога ќе те фати бубачката“, Емил Лендертс, Норвешка, 2025, 16′
„Солзата на Европа“, Герхард Цернер, Германија, 2024, 9′
20:00 „Светлина која води“, Кристина Родригез Паз, Шпанија, 2025, 20′
„Лена“, Луиџи Рапанели, Португалија, 2025, 25′
20:45 БЛОК од селекцијата кратки филмови:
„По стапките на Банриу“, Ели и Мет Грин, Г. Британија, 11′
„Злато“, Пол Швелер, Швајцарија, 2025, 11′
„Натпревар на Крка“, Рок Рожман / Рожле Брегар, Словенија, 2024, 8′
„Умствена јога“, Себастијан Ладжински, Полска, 2025, 7′
„Марта“, Марсел Барели, Швајцарија, 2024, 7′
„Акси и Вундер Дакси“, Лисете Вансинк, Холандија, 2024, 7′
„Со две нозе е прелесено“, Тамара Суса, САД, 2024, 7′
„Ла Чимота – мојата внатрешна планина“, Јоханес Аицетмулер, Австрија, 2025, 6′
„Кумби – Шепот од стариот глечер“, Тео Ливет, Франција, 2025, 5′
„Во далечна земја“, Артур Гузо, Франција, 2025, 4′
ДЕН 5
24 октомври 2025, петок
А) Кинотека на РМ
17:00 „Змејот“, Ричард Хип, Г. Британија, 2025, 60′
19:00 Презентација за Женска експедиција на Лалунг, во Индија, со Ања Петек, Патриција Вердев и Урша Кешар (Словенија)
20:00 „Незамисливо – екстремен алпинизам со Филип Бабич“, Ексклузивна средба со алпинистот Филип Бабич, (Полска)
Прогласување на победници и затворање на ЕХО 16
21:15 „Херман Бул: по стапките на една легенда“, Вернер Бертолан, Италија, 2025, 60′
24 октомври 2025, петок
Б) Втора локација, Кинотека на РМ (Кино Мирно лето или галерија – согласно временски услови)
17:00 „Ќуп со злато“, Оливер Ричом / Били Офленд, Г. Британија, 2024, 67′
„Поларна светлина“, Алесандро Белтраме, Италија, 2024, 44′
„Задача“, Алфонсо О’Донел, Шпанија, 2025, 28′
21:15 „Внатрешен хоризонт – Аника Хорн“, Титуан Бесиер, Швајцарија, 2025, 29′
„Самуел Волери: легенда на слекјанингот“, Јонас Конијненберг, Холандија, 2025, 29′
Дополнителна програма
Покрај филмска програма и предавањата, во рамките на овогодинешното издание на ЕХО, благодарение на соработници и партнери, ќе бидат организирани и 4 детски работилници за кои може повеќе да се дознае на нашиот веб
ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН