Александар Николовски реизбран за претседател на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Новиот претседател, Александар Николовски, го искористи правото на реизбор и по вторпат ќе раководи со Собранието. Покрај Претседател, беа избрани и 9 сенатори од редовите на УСС што ќе ги претставуваат студентите во Сенатот на Универзитетот.

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по пат на тајно гласање го избра претседателот на Собранието на седница одржана вчера.

Новиот претседател, Александар Николовски, го искористи правото на реизбор и по вторпат ќе раководи со Собранието. Покрај Претседател, беа избрани и 9 сенатори од редовите на УСС што ќе ги претставуваат студентите во Сенатот на Универзитетот.

Покрај Претседател, беа избрани и 9 претставници од редот на УСС во Сенатот на Универзитетот. Филип Петковски – Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер,Слободан Панајотов – Факултет за физичко образование, спорт и здравје,Ивона Тодорова – Правен факултет, Ангела Василевска – ФИНКИ,Никола Ѓоргиев – Факултет за музичка уметност, Зорица Бојаџиева – Технолошко-металуршки факултет, Доротеа Камчевска – Педагошки факултет, Иван Трајковски – Економски факултет, Филип Калаџиски – Медицински факултет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни