Александар Динев и Евче во РеТрн ДУО: Инфлуенсерство, хејтери и една театарска драма


Во новата епизода на РеТрн ДУО имаме двајца гости кои сигурно сте ги сретнале на вашите „For You“ страници – Александар Динев и Евче, добро познати македонски инфлуенсери кои прават вистинска врева на TikTok, но и на другите социјални мрежи.

Млад, креативен, секогаш позитивен и… гласен – Александар е дечкото кој не поминува незабележано. Но дали знае да биде тивок барем во театар?
Во оваа епизода се обидува да гледа комедија како вистински господин, ама нашиот Дениз е тука да го држи под контрола – или да го избрка од сала. (Спојлер: ситуацијата излегува од контрола )


Во интервјуто со Александар и Евче дознаваме:
– Дали е тешко да се биде инфлуенсер во Македонија?
– Како се справуваат со хејт коментари и злобни пораки?
– Александар прв пат јавно открива што била неговата најризична ситуација?
– Колку долго се познаваат и која е најдобрата особина што ја гледаат еден во друг?
– А што им оди најмногу на нерви?– Дали инфлуенсерството навистина носи пари?
– И најважното: дали ова е „работа за цел живот“ или само фаза?


Погледни ја новата епизода и дознај како изгледа реалноста зад TikTok – со Александар и Евче на сцена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни