Популарниот рапер и продуцент Др. Дре објави дека тој и Снуп Дог го подготвуваат нивниот следен албум „Missionary“ кој треба да биде објавен во ноември оваа година.
Во едно неодамнешно интервју, Дре сподели дека во моментов работи на продуцирање на албумот.
„Јас сакав 14 песни, Снуп сакаше 16, па сега се расправаме околу тоа. Во моментув сум на песната број 11. Мора да бидам готов до 1 септември, за да можеме да го објавиме алубмот во ноември“ изјави Дре.
Тој додаде дека пее на некој од песните, но изјави дека веројатно неговиот глас ќе се најде само на една од песните кои ќе бидат објавени.
Фановите се возбудени за повторната соработка на Дре и Снуп Дог, но исто така и за гостувањето на Стинг на една од песните.
„Има една песна, го имаме и Стинг. Одлични изведувачи има на овој албум“ изјави Дре и веднаш рече дека веројатно не требало да го сподели тоа со јавноста.
„Албумот е ново ниво на зрелост и во текстовите и во музиката. Мислам дека ова е најдобрата музика што ја имам направено во мојата кариера“ вели Дре.