Премиерот на Албанија Еди Рама објави дека на 17 ноември ќе се одржи заедничка конференција на Албанија со ЕУ за отворање на последната група поглавја од преговорите со Европската Унија.
,,Албанија го постигна незамисливото, сите поглавја од преговорите беа отворени во рок од 12 месеци, што е апсолутен рекорд во процесот на европска интеграција”, напиша Рама во објава на Фејсбук.
Тој посочи дека ништо не ја спречува Албанија да ја постигне својата главна цел, а тоа е завршување на преговорите до 2027 и полноправно членство до 2030 година.
,,Никој не може да нè спречи да ја постигнеме главната цел за затворање на преговорите во 2027 година. Бидејќи покрај тешкотиите, пречките, неизбежните штети, во искачувањето на ова историско искачување, ние ја развиваме и зајакнуваме Албанија месец по месец” истакна Рама.
Претставници од ЕУ со месеци испраќаат пораки дека Албанија заедно со Црна Гора предничат во подготвеноста за влез во ЕУ споредено со останатите земји од Западен Балкан.
