Албанезе: Напуштањето на Советот за човекови права на ОН од Израел е доказ дека не разбираат што направиле

Специјалниот известувач на ОН за окупираните палестински територии Франческа Албанезе денеска изјави дека одлуката на Израел да се повлече од Советот за човекови права на ОН е „исклучително сериозна“.

„Тоа ја покажува ароганцијата и покажува дека тие не разбираат што направиле. Тие инсистираат да ја почитуваат сопствената правичност, дека немаат за што да одговараат и тоа и го докажуваат на целата меѓународна заедница“, изјави Албанезе за британските медиуми.

Претходно денеска, израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар рече дека Израел ќе се повлече од Советот, обвинувајќи го телото дека ги „штити прекршителите на човековите права“, додека, како што рече, го „демонизира“ Израел и „пропагира антисемитизам“.

Тој рече дека Советот на ОН за човекови права усвоил повеќе од 100 „резолуции на осуда“ против Израел, повеќе од сите резолуции против Иран, Куба, Северна Кореја и Венецуела заедно.

Претходно, одлука за повлекување од Советот донесе и американскиот претседател Доналд Трамп, кој истото го направи и во јуни 2018 година за време на неговиот прв мандат во Белата куќа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни