Ал Пачино тврди дека имал клиничка смрт: Отидов на другиот свет, немав пулс

Ал Пачино (84) неодамна откри дека додека боледувал од КОВИД-19 колабирал во својот дом и за малку не умрел.

„Седев дома и отидов во друг свет…немав пулс. За неколку минути пристигна брза помош, а во мојата дневна соба имаше околу шест болничари и двајца лекари. Тие беа облечени во нешто што личеше на вселенски одела“, ја започна својата исповед актерот од „Кум“ за магазинот „Њујорк тајмс“.

Оскаровецот вели дека се онесвестил откако му кажал на својот персонал дека се чувствува невообичаено лошо додека се борел со симптомите на вирусот, кои вклучуваат треска и дехидрација, но не откри кога точно се случила несреќата.

Тој забележува дека во неговите „последни“ моменти не гледал на смртта онака како што мислел дека ќе ја гледа цел живот.

„Не видов ништо, ниту бела светлина, немаше ништо таму. Никогаш не сум размислувал навистина за смртта, но знаете актери, добро е да се каже дека умрев еднаш“, рече тој во интервјуто.

Тој, исто така, размислува за новото гледиште или перспектива што го стекнал за смртта со текот на годините како што стареел.

„Така е. Не барав да умрам, туку само се случи и смртта само доаѓа, како што се случуваат другите работи во животот“, рече тој и додаде дека го теши тоа што зад себе ќе ги остави своите деца и големото дело на неговата работи.

Пачино има три возрасни деца и едногодишен син Романо Пачино, кој го доби со својата сега 30-годишна девојка, Нур Алфала, во јуни 2023 година. Тој ја дели ќерката Џули Мари со поранешната девојка Јан Тарант, и близнаците Антон и Оливија со Беверли Д’Анџело, со која се забавуваше помеѓу 1997 и 2003 година. Пачино ја сфаќа својата улога на татко доста сериозно и за Гардијан во 2015 година изјави дека времето го дели меѓу источниот и западниот брег на САД за да биде најодговорниот можен татко.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни