Ал Пачино раскинал со 54 години помладата партнерка

Ал Пачино, познат по улогите во филмовите Carlito’s Road и The Godfather, раскина со филмската продуцентка Нур Алфало.

И покрај значителниот јаз во возраста, 84-годишниот холивудски актер и 30-годишната продуцентка, тие се зближија за време на пандемијата, па дури и го добија синот Роман, во јуни 2023 година.

Актерот неодамна беше прашан за неговиот моментален романтичен статус, а тој јасно кажа дека е сингл, велејќи: „Не. Имам само пријателства“, на прашањето дали е во емотивна врска.

Портпаролот на Пачино објасни дека парот преминал од партнерство во пријателство и се посветени на заедничко одгледување на своето дете: „Ал и Нур се многу добри пријатели и заедно го одгледуваат својот син Роман“.

Пачино, чија романтична историја вклучува врски од висок профил со ѕвезди како Дајан Китон, Беверли Д’Анџело и Кетлин Квинлан, е исто така татко на три други деца. Покрај новородениот Романо, тој ја има и 34-годишната ќерка Џули и 23-годишните близнаци Антон и Оливија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни