Ал Пачино излегол од премиерата и го немал гледано „Кум“ 50 години

Ал Пачино не е тип на актер кој сака да ги гледа неговите филмови. Неговата одбивност кон тоа да се гледа е  толку силна што излегол од премиерата на „Кум“, а филмот го изгледал по 50 години.

„Отидов на премиерата на „Кум“ во во Њујорк носејќи лептир машна со големина на мојата глава“, изјави тој во своите нови мемоари „Сони Бој“. „Се сеќавам само дека стоев на платформа со останатите ѕвезди, а медиумите ми поставуваа прашања на кои не можев да одговорам. Потоа седнавме на нашите места, но јас не го гледав филмот. Не сакав да го видам готовиот производ штом се изгаснаа светлата, јас излегов“, напиша тој.

Пачино објасни дека „има секакви чувства“ кога се гледа себеси на филм. „Никогаш не можев да се гледам себеси на екранот додека ме гледаат други луѓе. Тоа беше малку вознемирувачко и ме направи срамежлив, речиси засрамен“, напиша тој. „Како помлад актер, претпоставувам дека ми требаше внимание, но и не го сакав во исто време“.

Легендарниот актер призна дека „тоа е малку парадоксно“, па неговото решение секогаш било да избегнува да се става во таква ситуација.

Пачино продолжи: „Го минав целиот мој живот без да го изгледам ‘Кум’ во целост. Не знам зошто. Можеби чувствував дека бидејќи сум во него, нема да бидам добра публика за него. Со текот на годините, се разбира, гледав делови ваму или таму на ТВ“.

Тој е среќен да пријави дека, како што одминуваше времето, се променил. „Како што научив да го надминам стравот од летање – едноставно престанав да се грижам“.

Но, таа промена дојде полека. Пачино успеал да го гледа „Кум“ дури 50 години по неговото објавување во 1972 година.

„Неодамна го гледав ‘Кум’ на проекцијата за неговата педесетгодишнина во театарот ‘Долби’ во Холивуд, каде што беше прекрасно проектиран обновениот принт, со остар, совршен звук“, рече тој. „Целото искуство беше толку возбудливо. Нема сцена во филмот каде што не се случуваат две или три работи. Нема досаден момент во него, постојано се раскажува приказна. Имаше толку многу што ме погоди“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни