Три активности што најбрзо го намалуваат стресот

Трчање, јога и пливање се меѓу најефикасните начини за ослободување од напнатост и подобрување на расположението

Стресот е дел од секојдневието и не може целосно да се избегне, но постојат физички активности кои можат брзо да помогнат да се намали напнатоста и да се врати чувството на смиреност.

Меѓу нив, три се издвојуваат како наједноставни и најефикасни.

Трчањето е еден од најдостапните начини за справување со стрес. Не бара посебна опрема ниту подготовка, а доволно е да трчате со темпо што ви одговара. Дури и кратка физичка активност може значително да го подобри расположението и да го намали притисокот.

Јогата, пак, комбинира физичко движење со релаксација и фокус на дишењето. Освен што помага во намалување на стресот, таа придонесува и за истегнување и зајакнување на мускулите. Дури и кратка сесија може да донесе чувство на смиреност.

Пливањето е уште една ефикасна активност која го намалува заморот и ги смирува нервите. Контактот со водата има природен релаксирачки ефект, а не е потребен интензивен тренинг – доволно е умерено движење во вода.

Редовната физичка активност може да помогне не само во намалување на стресот, туку и во подобрување на општото здравје и расположение.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни