Актерот Драган Бјелоглиќ изјави дека нема смисла повеќе да се пишуваат соопштенија и да се дава поддршка на студентите, туку дека тоа мора да се покаже со дела.
„Кога зборував за моите колеги предмалку и за претставите, навистина мислев дека утре ќе разговараме за конкретен потег. Тоа го очекувам од сите да го направат и да го следат она што го прават студентите, да бидеме со нив, но со конкретни потези. Мислам дека тоа е најмалку што може сега да се случи“, изјави Бјелоглиќ.