Акцентот на џунглата: Како тамарините се разбираат со „соседите“

Во тропските шуми на северна Колумбија, каде што денес повторно никнуваат дрвја на местата каде некогаш шумата беше речиси избришана, живеат едни од најретките и најшармантни примати на светот наречени тамарини.

Со своите „панк“ фризури и големи, љубопитни очи, овие минијатурни мајмунчиња станаа симбол на борбата за зачувување на видовите во исчезнување. Но, нови научни истражувања откриваат дека тие кријат уште една неверојатна способност, а тоа е да менуваат акцент кога живеат со друг вид тамарин.

Да, точно прочитавте. Овие мајмунчиња не зборуваат различни „јазици“, но исто како луѓето можат да го позајмат акцентот на своите соседи.

Кога мајмунот оди „во друго говорно подрачје“ го усвојува акцентот

Истражување спроведено во Амазонија покажало дека два вида тамарини црвеноракиот (Saguinus midas) и шареноликиот (Saguinus bicolor) ги приспособуваат своите повици кога делат заедничка територија. Иако двата вида имаат фиксен вокален репертоар, научниците откриле дека црвенораките тамарини го менуваат начинот на кој ги изговараат своите повици за да звучат повеќе како своите „соседи“.

„Нивните повици стануваат позвучни на акцентот на шареноликиот тамарин“, објаснува д-р Џејкоб Дан, автор на студијата. „Тоа е неверојатно, тие не учат нови зборови, но играат со фреквенцијата, должината и бојата на звукот за да се разберат подобро.“

Причината? Територија и ресурси.

Кога два блиски видови делат шума, од суштинско значење е да се разберат. „Потребен ви е повик што другите можат да го разберат за да избегнете конфликти околу храната и просторот“, додава Дан.

Интересно, само црвенораките тамарини го менуваат акцентот, шареноликите остануваат „доследни“ на сопствениот стил. Зошто? Сè уште мистерија.

Едни од најзагрозените примати со неверојатен мозок и огромно срце

Овие мајмунчиња, и покрај својата гласовна флексибилност и интелигенција, остануваат критично загрозени. Тамарините, кои живеат исклучиво во Колумбија, се сведени на помалку од 7.500 во дивината поради уништување на шумите, илегална трговија и минатата експлоатација за медицински експерименти.

Но денес, благодарение на Fundación Proyecto Tití, шумите се обновуваат. Засадени се над 120.000 дрвја, а тамарините се враќаат во новите засолништа. Тимови од поранешни дрвосечачи, биолози и активисти следат семејни групи со радио-предаватели и се грижат за враќање на рамнотежата во екосистемот.

„Тие се како нас,“ вели Луис Енрике Центена, поранешен дрвосечач, денес чувар на видовите. „Ги чуваат младите, комуницираат, имаат карактер. Само што не зборуваат шпански – сè уште.“

Акцент, љубопитност, интелигенција – и огромна борба за опстанок

Додека научниците се восхитуваат на нивните гласовни вештини, заштитниците на природата се борат да ги зачуваат последните популации. Обновените шуми веќе носат резултати – тамарините повторно се појавуваат, а со нив и други ретки животни, па дури и пумата, по години отсуство.

Едно е јасно: овие мали „панк“ мајмунчиња имаат неверојатна способност да се приспособат и во природата, и во комуникацијата. Можеби токму затоа науката верува дека сè уште постои надеж за нивниот опстанок.

Кога ќе ги спасиш тамарините, ја спасуваш целата шума. А тие возвраќаат со љубопитни очи, интересни акценти и невидена борбеност.

Извор: The Guardian

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни