По повод вчерашните случувања во Нови Сад, го пренесуваме соопштението на Академскиот пленум за последните случувања:
Нападот на полицијата врз граѓаните за време на комеморативната прошетка е последен грч на автократскиот режим
Академскиот пленум е шокиран и згрозен од бруталниот напад на полицијата врз граѓаните од Нови Сад кои учествуваа во комеморативна прошетка со која беа одбележани десет месеци од рушењето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, кога 16 лица го загубија животот поради коруптивните постапки на оваа власт.
Физичкото насилство и шок-бомбите фрлени врз студентите и граѓаните, кои немаа никаков физички контакт со полицијата, ја откриваат подготвеноста на власта да ги извалка своите крвави раце уште подлабоко, доколку тоа е потребно за да ја зачува својата моќ. Токму тоа е најјасниот показател за последниот грч на автократскиот режим на Александар Вучиќ и Српската напредна партија.
Академскиот пленум уште еднаш ги повикува сите граѓани да го внесат насилството кое го доживеале за време на мирните протести во нашата база на податоци, која се наоѓа на адресата _______. Важно е ниту еден таков случај да не биде заборавен, а веднаш по промената на власта одговорните да бидат кривично гонети.