Аеродром во Тексас затворен на 10 дена поради безбедносни причини

Ограничувањето важи за сите летови до и од аеродромот, се однесува до надморска височина од 5.500 метри и останува на сила до 21 февруари

На Меѓународниот аеродром Ел Пасо во Тексас му е наредено да ги суспендира сите летови во следните 10 дена поради „специфични безбедносни проблеми“, според известувањето до воздухопловците (NOTAM) издадено од Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA), објави Скај њуз .

Во известувањето се наведува дека воздушниот простор околу аеродромот е означен како „национален одбранбен воздушен простор“ и се вели дека пилотите кои ги кршат правилата „може да бидат пресретнати, приведени и испрашувани од страна на органите за спроведување на законот“. Исто така, се предупредува дека американската влада може да употреби „смртоносна сила“ против летала за кои смета дека претставуваат „непосредна безбедносна закана“.

Ограничувањето важи за сите летови до и од аеродромот, се однесува до надморска височина од 5.500 метри (18.000 стапки) и останува на сила до 21 февруари во 6:30 часот наутро по координирано универзално време (UTC).

Зоната за забрането летање, со центар околу аеродромот, има радиус од 10 наутички милји (околу 18,5 километри) и го вклучува блискиот воен аеродром Бигс. „Ниеден пилот не смее да управува со авион во областите опфатени со оваа NOTAM“, конкретно се наведува во неа.

Меѓународниот аеродром Ел Пасо е на околу четири милји од мексиканската граница, но наредбата не се однесува на мексиканскиот воздушен простор. Повеќе од четири милиони патници поминале низ аеродромот во 2024 година. И покрај своето име Меѓународен, центарот главно нуди домашни летови до дестинации во Соединетите Американски Држави.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни