Администрацијата на Трамп тврди дека поништиле повеќе од 100.000 визи

Американскиот Стејт департмент објави дека поништил повеќе од 100.000 визи откако минатата година на власт дојде претседателот Доналд Трамп.

„Досега Стејт департментот поништил повеќе од 100.000 визи, вклучувајќи околу 8.000 студентски и 2.500 посебни визи за лица кои имале контакт со американската полиција поради криминални активности. Ќе продолжиме да ги депортираме овие насилници за Америка да биде безбедна“, соопшти Стејт департментот на социјалната платформа X.

Четири главни причини за поништување на визите биле: престој над дозволеното, возење под влијание на алкохол, физички напад и разбојништво, изјави заменик-портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот. Тоа е за 150% повеќе поништени визи отколку во 2024 година.

Главни причини за поништување

Стејт департментот исто така отвори центар за проверки за да осигура дека „сите странски државјани на американска територија се придржуваат до нашите закони и визите на оние кои претставуваат закана за американските граѓани се итно поништени“, рече Пигот.

Во ноември, Стејт департментот објави дека поништил околу 80.000 невлезни визи од инаугурацијата на Трамп на 20 јануари 2025 година поради различни прекршоци, од возење под влијание на алкохол до напади и разбојништво.

Според директивите за оваа година, американските дипломати во странство се упатени да обрнат посебно внимание на барањата за визи од лица кои Вашингтон може да ги смета за непријателски настроени кон САД и кои се вклучени во политички активности.

Функционерите на администрацијата на Трамп изјавиле дека носителите на студентски визи и дозволи за постојан престој можат да бидат депортирани поради поддршка за Палестинците и критики за израелските дејства во војната во Газа, оценувајќи го тоа како закана за американската надворешна политика и поддршка на Хамас.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни