Во февруари, администрацијата на Трамп ги означи нарко-картелите, вклучувајќи ги „Трејн де Арагва“ и „Синалоа картелот“, како глобални терористички организации, како дел од засилената борба против нелегалната имиграција и криминалните групи поврзани со трговија со дрога.
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, претходно изјави дека таквата квалификација сега дозволува употреба на воени и разузнавачки капацитети против тие организации.
Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум Пардо денеска изјави дека припадниците на американската војска нема да влегуваат на мексиканска територија.
„САД нема да дојдат во Мексико со војската. Соработуваме, но нема да има инвазија, тоа е апсолутно исклучено. Тоа не е дел од никаков договор, далеку од тоа“, изјави Клаудија Шајнбаум.