Аца Лукас приведен па казнет затоа што настапувал во Кавадарци без дозвола

Лукас бил одведен во полициска станица затоа што било утврдено дека немал соодветна дозвола за работа

Српскиот фолк пејач Аца Лукас (Александар Вуксановиќ) синоќа бил уапсен од македонската полиција за време на неговиот настап во кафуле во Кавадарци.

Лукас бил одведен во полициска станица затоа што било утврдено дека немал соодветна дозвола за работа, односно да настапи пред публиката.

На српскиот печај му е изречена парична казна, а МВР информира дека се издадени и поднесоци и против локалот во кој Лукас настапувал.

„На 22.11.2025 во 00:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа А.В. (57) од Република Србија. При вршење на акциска контрола во угостителски објекти на подрачје на Кавадарци, од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци, Одделение за криминалистички работи при СВР Велес, инспектор за странци од Регионален центар за гранични работи Југ, заедно со Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Управа за јавни приходи, било констатирано дека во угостителски објект во Кавадарци А.В. настапувал без потребната дозвола.

Против А.В е поднесена прекршочна пријава по член 217 став 1 точка 2 од Законот за странци, а од страна на Основен суд Кавадарци му била изречена парична казна. При контролата во истиот угостителски објект констатирани се прекршоци од страна на УЈП за неиздавање на фискална сметка, прекршок согласно Закон за пушење, a од страна на ДПИ е констатирано дека во објектот се присутни поголем број на гости од дозволениот број, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Министерството за внатрешни работи во соработка со другите надлежни институции, ќе продолжи и во наредниот период со зајакнати акциски контроли на територијата на целата држава, со цел санкционирање на било какво кршење на законите. – соопштија од МВР.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни