Аца Лукас и турбо фолкот го освоија МКЦ

Иако се очекуваше директорот на МКЦ (како познат рокер) да ја продолжи праксата МКЦ да биде култно место каде што свој дом ќе имаат младите рокери, панкери, алтернативни уметници, независната сцена и сите оние кои не се дел од културниот мејнстрим (чија уметничка и културна вредност е сосема сомнителна и често означена како кич), се чини дека МКЦ падна.

Денес таму свој настан имаат Аца Лукас и екипа која никогаш не настапувала, ниту одела на настани во поранешниот, култен Дом на млади 25. Мај.

Се чини дека собирањето потписи за одбрана на МКЦ, како и протестoт на Гола Планина имале смисла и во однос на техничкото управување со установата, а уште повеќе во програмскиот дел, но очигледно не дадоа резултат.

Еден ден по славењето на македонскиот јазик, организаторите на настанот на македонската публика и се обраќаат на латинско писмо. Не се ни потрудиле.

Бастионот на алтернативната култура падна. Илјадници театарски претстави, концерти, фестивали, детски работилници, курсеви, дебати, сега се работа на минатото. Децении посветени на градење на младинската култура се поклопуваат со кич и невкус.

„Можеби тоа и го заслужуваме“, за Трн кратко изјави еден од оние кои „окапале“ како млади во МКЦ, новинарот Зоран Бојаровски.

Ве оставаме со еден од најпознатите креативни „импров“изблици на Аца Лукас, кој според мене не е виновен за ништо и му посакувам успех во кариерата понатаму.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни