Ајфеловата кула во пламен: Евакуирани 1.200 луѓе!

Visitors queue at the bottom of the Eiffel Tower as the site was closed and then reopened after a fire was reported in Paris, on December 24, 2024. (Photo by Anna KURTH / AFP)

Еден од најпознатите светски споменици, Ајфеловата кула, денеска беше зафатена од пожар, известуваат француските медиуми „Frontières“ и „Boulevard Voltaire“. Според полициски извори, околу 1.200 лица се евакуирани од кулата.

Причината за пожарот, како што јавува „Metro News“, била прегревање на кабли. Благодарение на брзата интервенција на противпожарните екипи, пожарот е успешно изгаснат.

Ајфеловата кула, која дневно прима меѓу 15.000 и 25.000 посетители, и претходно се соочила со слични несреќи. Во јануари 1956 година, пожар во просторијата за телевизиски преноси предизвикал значителна штета на овој симбол на Париз.

Инцидентот потсетува на трагичниот пожар во катедралата Нотр Дам во април 2019 година, кој ја уништи кровната конструкција и остави сериозни оштетувања. Нотр Дам неодамна беше повторно отворена за јавноста во декември годинава.

Останува да се утврди точната причина за денешниот пожар на Ајфеловата кула, додека јавноста со внимание ги следи најновите информации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни