82 години од смртта на еден од најголемите умови во историјата – Никола Тесла

Неговото животно патување потсетува на тоа колку често иновациите се пред времето и како нивните творци плаќаат висока цена за своите идеи.

Никола Тесла, еден од најголемите умови во историјата, починал на 7. јануари 1943 година во хотелскиот апартман 3327, на 33. кат во хотелот Њујоркер во Њујорк. Тогашниот градоначалник на Њујорк, Хенри Лагвардија, во говор на испраќањето на Тесла, го истакнал неговото значење со зборовите: „Никола Тесла почина сиромашен, но беше еден од најкорисните луѓе кои некогаш живееле. Она што го создаде е големо, и како што минува времето, станува уште поголемо.“

Погребната церемонија на Тесла се одржала во Катедралата Свети Јован Богослов на Менхетн, со православна служба на која присуствувале околу 2.000 луѓе.

Меѓу присутните биле истакнати научници, добитници на Нобелова награда, како и југословенски и американски официјални лица. По обредот, Тесла бил кремиран, а неговата урна со златни посмртни остатоци била пренесена во Белград во 1957 година. Денес, таа се чува во Музејот на Никола Тесла на Крунската улица, како вечен потсетник на неговиот придонес кон човештвото.

Ковчегот на Тесла бил покриен со знамиња на Југославија и Соединетите Американски Држави, што симболично укажувало на неговата поврзаност со двата света.

На погребот биле изведени две композиции по негово барање: Шубертовата „Ave Maria“ и српската песна „Тамо далеко“, во изведба на виолинистот Златко Балоковиќ и словенечкиот хор Словени.

Иако Тесла го задолжи светот со револуционерни откритја, неговиот приватен живот беше обележан со контраверзии. Фасциниран со науката, често живеел во луксузни хотели, но не успеал да реализира проекти кои би му донеле финансиска стабилност. Неговата изолација и пропуштените деловни можности го оддалечиле од општеството.

Приказната за Тесла не е само приказна за генијалноста, туку и за предизвиците што таа ги носи.

Неговото животно патување потсетува на тоа колку често иновациите се пред времето и како нивните творци плаќаат висока цена за своите идеи.

Денес, Тесла е симбол на научна инспирација и пионер кој ги создаде темелите на современиот свет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни