Завет на новите членови 

70 години Сојуз на извидници на Македонија

Денес СИМ функционира на речиси целата територија на Македонија и претставува најголема младинска чадор организација на 23 активни извиднички одреди во државата. Во моментов во организациите членки на СИМ, извидничка програма следат активно повеќе од 2500 деца и млади.

Со интонирање на државната и химната на Сојузот на извидници на Македонија по седумдесети пат се одбележа постоењето на извидничкото движење во земјава. На свеченоста новите членови во македонското извидничко движење дадоа Завет, односно заклетва дека ќе живеат и работат согласно извидничките закони и принципи. Останатите членови пак го обновија некогаш дадениот Завет, служејќи како пример на новите генерации.

„Како што одминува времето така расте бројот на нови другари и познаници кои ги среќавате преку овие средби. Пријателствата кои овде започнале траат долго. Затоа на сите млади, па и повозрасни, топло им порачувам да бидат дел од ова големо семејство т.н Сојуз на извидници на Македонија“, вели Еленонора Трајковска од Извиднички поречански одред „Јадран“ во кој е веќе пет години.

Трајковска е само една од над 300 извидници кои денеска присуствуваа на свечената церемонија. Како што потенцираа извидниците овој настан за нив има исклучителна сентиментална важност, истиот е централен во уникатниот метод на работа кој се практикува во извидништвото. На свеченоста присуствуваа извидници од сите генерации и тоа од целата држава.

„Скоро десет години сум дел од извидниците. Ќе продолжам и понатаму активно да сум со извидниците и тоа поради начинот на живот и секако стекнувањето пријателства. Исто така преку извидниците може да се учат доста нови работи, а тоа е убавото кога имаш нови знаења и хоризонти“, вели Бојан Ѓошев од Прв скопски извиднички одред.

И од Сојузот на извидници на Македонија потенцираат дека радува фактот што се поголем е бројот на најмладите генерации кои сакаат да се приклучат на ова движење. Истакнуваат дека некогашните почетници во извидништвото сега како возрасни луѓе ги носат своите деца за да им покажат што значи да се биде извидник.

„Да се биде дел од извидници значи да се сака природата, да се биде добар другар, да се направи општо добро за сите околу нас… Целта на сите извидници е една и единствена, да создадеме подобар свет. Во извидници има од сите генерации, па децата од седум години веќе се спремни да ни се придружат“, вали Ана Плетварец, член на старешинството на Сојуз на извидници на Македонија.

Инаку, Сојузот на извидници на Македонија (СИМ) е младинска чадор организација основана во 1953 година. Како организација со 70 годишна традиција, преку промовирање на мир, животни вештини и позитивни вредности, согласно актуелните трендови континуирано спроведува неформално образование за младите градејќи конструктивни индивидуи, кои активно придонесуваат за општествениот развој.

Денес СИМ функционира на речиси целата територија на Македонија и претставува најголема младинска чадор организација на 23 активни извиднички одреди во државата. Во моментов во организациите членки на СИМ, извидничка програма следат активно повеќе од 2500 деца и млади.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни