Со премиерата на комедијата „Измамите на Патук“, во режија на Куштрим Бектеши и со актерската екипа од Тетовскиот театар, вчера се отвори деветтото издание на Меѓународниот театарски фестивал Тетово, кој ќе трае до 14 септември.
„Измамите на Патук “ е напишана од Ѓерѓ Фишта во 20 век, додека авторот на комедијата се инспирирал од „Les Fourberies de Scapin“ на Молиер која ја преработил и адаптирал според албанската традиција и култура, и на временскиот контекст на градот Скадар на почетокот на 20 век.
„Главниот протагонист на комедијата е Измамникот Патук, кој со итри и разни трикови успева да изнуди пари од двајца богати и скржави татковци, за да им помогне на нивните две промискуитетни деца да ги отплатат долговите, во кои влегле во отсуство на татковците дома“, се вели во описот за претставата.
Во оваа претстава играат актерите: Арсим Фазлија – Патуку, Арсим Калеци – Тукја, Елмир Сејфулаи – Ѓока, Ерма Чанга – Леци, Арта Зејнели – Лини, Блерим Исмани – Лтини, Сами Мустафа – Нуши, Абдула Османи – Кели и Шеќерие Илази – Наратор и Тути.
Денес на програмата е „Прекрасна терапија“ на Драмски театар Скопје чиј автор е Даниел Глатуер, а претставата е во режија на Димче Николовски.
Програмата за следните донови е следна
12 септември, четврток, 20:00 часот- Гостиварски Театар„Отворениот пар“, Автор: Дарио Фо Франка Раме, Режисер: Сулејман Рушити
13 септември, петок, 20:00 часот- Државниот театар од Бурса „Трите патувања на лотомобилот“ автор: Џорџ Брант, режисер: Ч. Умут Тањолу
14 септември, сабота, 17:00 часот, Театар Авдуш Хасани – Подујево„Крилјата на пчелата“ автор: Улпиен Малоку, режисер: Арменд Зеќири