Иран брои над 500 загинати по израелско-американските напади

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека најмалку 555 лица загинале во заедничките израелско-американски напади врз Иран, пренесе новинската агенција Фарс.

Во соопштението, хуманитарната организација наведува дека повеќе од 100.000 спасувачи се распоредени низ целата земја, а над 130 региони се погодени од воените дејствија.

Од саботата, Израел и САД извршија напади врз стотици цели во Иран, меѓу кои локации за лансирање ракети, објекти поврзани со иранската нуклеарна програма, воени командни центри и високи членови на политичкото раководство.

Главниот град Техеран повторно бил жестоко бомбардиран во неделата, додека во саботата беше убиен иранскиот врховен лидер Али Хамнеи.

Израел и САД тврдат дека целта на офанзивата е неутрализирање на заканата што ја претставуваат иранските ракетни капацитети и нуклеарната програма, како и создавање услови за политичка промена во земјата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни