50 камиони хуманитарна помош влегоа во Газа

Минатата седмица, Европската Унија објави дека е постигнат договор за повторно активирање на повеќе хуманитарни коридори

Утрово, јорданска добротворна организација испрати конвој од 50 камиони со хуманитарна помош во Газа, објави официјалната јорданска новинска агенција Петра.

Според информацијата на агенцијата, камионите транспортираат прехранбени продукти, претежно брашно.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат колона товарни возила како се движат по копнен пат од Јордан, преку израелска територија, во насока на Газа, прецизира израелски весник.

Сепак, се додава дека во моментов нема потврда дали камионите веќе ја преминале границата и влегле на територијата на Појасот Газа.

Минатата седмица, Европската Унија објави дека е постигнат договор за повторно активирање на повеќе хуманитарни коридори, “вклучувајќи патишта за испорака на помош преку Египет и Јордан, како и неколку премини на северот и југот на Газа.”

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни