50 години македонистика во Букурешт: Млади македонски поети препеани на романски јазик

Поетесата и колумнистка на Трн Ивана Јовановска е меѓу неколкуте млади поети кои минатата недела беа претставени во Букурешт со избор од нивната поезија

Поетесата и колумнистка на Трн Ивана Јовановска е меѓу неколкуте млади поети кои минатата недела беа претставени во Букурешт со избор од нивната поезија

На 8 декември во организација на Амбасадата на Република Северна Македонија во Букурешт со поддршка на Лекторатот за македонски јазик при Факултетот за странски јазици и литература, се одржа настан за одбележување на Денот на македонскиот јазик во Романија. Уште една причина за одбележување на овој датум беше и одбележувањето 50 години од македонистиката во Романија во чест на отворањето во 1974 година.

Во чест на ова, неколку млади македонски поети родени по 1990 година беа препеани на романски јазик, чија поезија е дел од новата генерација автори со цел подобро поврзување на студентите кои преведуваат и авторите. Препеана е поезијата на Ивана Јовановска, Ива Дамјановски, Сара Ѓорѓиоска, Калиа Димитрова, Пепи Стамков и Никола Дукоски. Целта е во иднина да се зголемат бројот на препеани поети и да се доближи младата македонска поезија до студентите во Букурешт.

Како дел од активностите на Лекторатот по македонски јазик, работилница за превод одржа македонската авторка и преведувачка Лидија Димковска, која е и првата лекторка на Лекторатот за македонски јазик во Букурешт.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни