Бразилецот Матеус Еванжелиста во машка и французинката Каролин Жуис триумфираа на 37. Охридски пливачки маратон.
Еванжелиста 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид ја мина за време од 5 часа, 45 минути, 5 секунди, додека времето на Жуис беше 5 часа, 46 минути и 51 секунда.
Двајцата маратонци беа први во својата категорија и на двата спринта во Пештани и Метропол. Французинката Жуис минатата година постигна рекорд на Охридскиот пливачки маратон препливувајќи ја патеката за рекордно време од 5 часа, 5 минути и 59 секунди.
Во машка конкуренција втор на целта пристгна Марсел Схауле од Холандија со време 5 часа 46 минути 50 секунди, само две секунди пред нашиот претставник Евгениј Поп Ацев кој заврши трет со време од 5 часа 46 минути 52 секунди.
Втора во женска конкуренција пристигна на целта пристигна Мајте Пука од Аргентина со време од 5 часа 52 минути 36 секунди пред Инес Делакроа која пристигна трета со време од 5 часа 57 минути и 18 секунди од Франција.
Организатор на маратонот е Општина Охрид со поддршка на Претседателот на Република Македонија, Министерството за спорт и Пливачката федерација на Македонија.
Технички организатор на настанот е ПК „Охридски бранови 2008“ од Охрид.Оваа година маратонската трка беше дел од „LEN World Aquatics“.
Фото: Anamarija Momiroska
Ohrid Water Festival